Емигрант бил фатен на дело додека се обидувал да силува седумгодишно девојче. Емигрантите што живеат во импровизираниот камп Идомени, го зедоа законот во свои раце, откако го фатија осомничениот.
На фотографиите од грчко-македонската граница се гледа како група емигранти насилно водат маж, облечен во џемпер и во маскирни панталони.
Фотографот не успеа да потврди дали девојчето што се гледа зад уапсениот педофил, е неговата жртва.
Емигрантите не го линчувале мажот. Место тоа, го предале на властите, кои ќе ги истражат обвинувањата.
Во моментов во Грција се блокирани 46.000 мигранти, откако неколку балкански земји ги затворија своите граници. Од нив 14.000 се наоѓаат во кампот Идомени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.