Обединетата македонска дијаспора писмено побара Хашкиот трибунал повторно да ги разгледа четирите предмети (Мавровски работници, Непроштено, Водство на ОНА и Липковска брана) кои во 2008 година беа вратени на македонските судови.
– Македонија како млада демократија има судски систем кој сѐ уште се развива, но јасно е дека македонското судство понекогаш не успева да ја спроведе правдата и да сe држи до принципот на владеење на правото. Затоа Хашкиот трибунал е единствената институција која може да обезбеди правда и да ја спречи културата на неказнивост во Македонија – рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.
– Хашкиот трибунал имаше донесено грешна одлука да се тужи само дел од сторителите во конфликтот во 2001 година, а другите да се вратат во средина каде што судството не е потполно независно од политичките структури во државата. Според Статутот, Правилникот и практиката на трибуналот, теоретски тој може повторно да ги земе овие случаи во своја надлежност – заклучи Колоски.
ОМД смета дека оправданоста за повторното преземање на четирите случаи лежи во неколку точки:
1. Амнестијата за злосторствата против човештвото и воените злосторства не е во согласност со меѓународното право.
2.Одлуката на македонскиот парламент од 2011 година да ги амнестира ваквите кривични дела штити одредени поединци од кривична одговорност.
3.Врз основа на правилото на предност, Хашкиот трибунал треба да ги врати овие случаи во своја надлeжност бидејќи релевантните национални власти се неспособни или не сакаат да ги процесираат случаите.
4.Правилникот на Хашкиот трибунал овозможува тој да повлече предмет кога институциите во прашање не можат да спроведат фер судење.
ОМД е свесна дека Хашкиот трибунал наскоро ќе се затвори, но нагласува дека доколку трибуналот не е во можност да ги врати четирите предмети во своја наделжност, Резидуалниот механизам кој ќе биде правен наследник на трибуналот, би бил во можност да го стори тоа, додаваат од ОМД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска церемонија на затворање на Хашкиот трибунал
-
Хашкиот трибунал престанува со работа: Почна битката за 10 милиони документи
-
Режисер со три факултети: Кој е Слободан Праљак, човекот кој се отру пред Хашкиот трибунал
-
Радован Караџиќ за годините во бегство и како стана доктор Давид Дабиќ: Ги гледав додека ме бараа


