| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Европа прво да ги погледне своите постапки за однесувањето кон мигрантите

ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Европа прво треба да го погледне сопственото однесување кон бегалците, а потоа да и сугерира на Турција што да прави, пренесува БТА.

Ердоган додаде дека Анкара ќе ги слуша критиките на Европа за правата само кога тие ќе бидат коректни. Пред новинарите Ердоган нагласи дека Европа „танцува по минско поле“, со тоа што директно или индиретно ги поддржува терористичките групи.

Според зборовите на турскиот претседател, Европа дејствува „нечесно“ и „неискрено“ во односот со овие организации. Според него различни терористички групи во Турција се обединиле против државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top