| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографијата на ова момче го расплака светот, а еве како изгледа денес (фото)

Пред повеќе од еден месец светот го потресоа снимките од Нигерија на кои  се гледа прегладнето тригодишно момче кое населението го обвини дека е вештер. Го спасила хуманитарна работничка Ања Рингер Ловен и му го дала  името Хоуп , што на англиски јазик значи надеж. Рингер Ловен сега објави фотографија  на која се гледа насмеаното момче во далеку подобра здравствена состојба од таа во која беше минатиот месец.

87739_1dje

-Денот кога го носев  ова прекрасно мало момче не бев сигурна дали ќе преживее. Него секој ден му беше борба и не сакав да умре без име, без достоинство, па го нареков Хоуп – напишала Рингер на Фејсбук страницата на нејзината организација, која во Нигерија им помага на децата обвинети за вештерство.

0b70ca2668b45de17aff9804f61dcb8e

-Хоуп е за мене посебно име. Не само поради неговото значење туку и поради тоа што самите букви го претставуваат. Пред многу години тие букви ги тетовирав на прстите затоа што тие за мене значат „Помогни и на една личност секој ден“  (Help One Person Everyday)- појаснила Ловен.

87739_capture-20160318-095110

Милионска донација

Момчето беше напуштено во подрачјето Ојо врз основа на обвиненија за вештерство, а Рингер Ловен тогаш му даде вода и храна. Фотографијата на Ања и момчето ги поттикна луѓето да донираат повеќе од еден милион долари на нејзината организација, која им помага на децата обвинети дека практикуваат вештерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top