Грчкиот премиер Алексис Ципрас по минатонеделната средба со францускиот претседател Франсоа Оланд не потишал заедничка изјава во која стои уставното име на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина. Ова го соопшти Кабинетот на Ципрас кој реагираше по пишувањата во грчките медиуми дека грчкиот премиер потпишал коминике во кое нашата земја е ословена како Македонија.
Написите во медиумите почнаа по изјавата на пратеникот на опозициската Нова демократија Константинос Скрекас кој за телевизијата „Антена“ рече дека „Владата мора да одговори зошто во заедничка изјава по средбата Ципрас Оланд стои името Македонија“.
Грчките медиуми сето тоа после го претворија во наслови и коментари дека Ципрас потпишал заедничка изјава во која стои Македонија, се согласил да стои името Македонија, прашуваа дали тоа било во консултација со Владата во Атина или едностран потег и слични претпоставки.
Кабинетот на Ципрас му порача на Скрекас да „посвети внимание на некои основи на францускиот јазик, за да може да разбере“ дека текстот во кој се спомнува Македонија е само транскрип од изјавата на Оланд после состанокот со лидерите на европските социјалдемократи. Во соопштението се посочуваат и линкови до тексот и видеото од изјавата на Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција