Во претпладневните часови ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, околу пладне облачноста ќе се зголемува. Во попладневните часови ќе опреовладува пронемнливо облачно, во крајните југозападни западни делови со услови за слаб локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, освен утре во попладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. В недела и в понеделник ќе преовладува сончево и релативно топло време, а во вторник повторно се очекува зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.