| четврток, 6 декември 2018 |

Кои пет намирници не треба да се јадат по 50-та година?

Како што старееме, треба да се одвикнуваме од некои намирници бидејќи со времето тие можат да станат опасни за нашето здравје.

Во продолжение, погледнете кои се петте намирници чија консумација треба да ја ограничите по 50-тата година од животот.

Намалете ја количината на сол

Големите количини на сол во исхраната можат да имаат сериозно влијание врз крвниот притисок. Тоа предизвикува задржување на водата во телото, а тој вишок на вода е одговорен за високиот крвен притисок. Високиот крвен притисок дополнително го оптоварува срцето, бубрезите, артериите и мозокот, а може да доведе и до срцев или мозочен удар, како и болести на бубрезите.

Внимавајте со преработените и пржени производи

Голем број на луѓе страдаат од артритис или поврзани болки во зглобовите, а некои намирници само ја влошуваат состојбата. Треба да се избегнуваат сланината, жолчката од јајца, пченка, брашно, соја, маргарин и сите пржени намирници.

Умерено консумирајте вино

Умереното консумирање алкохол подразбира два до седум пијалаци неделно судејќи според Националниот институт за здравје во Америка. Доколку консумираме повеќе од тоа, може да ни предизвика проблеми со срцето и црниот дроб.

Белиот шеќер заменете го кафеав или со стевија

Повеќето луѓе избегнуваат да внесуваат шеќер за да не се здебелат, но тоа е само еден дел од приказната. Истражувачите откриле дека премногу слатки можат да доведат до забрзано стареење. Кога конзумираме шеќер, нашето тело го претвора во глукоза, а еден од најголемите здравствени проблеми поврзани со глукозата е дијабетесот. Со оглед на тоа дека е исклучително опасен, дијабетесот може да доведе и до други бројни здравствени проблеми како што се кардиоваскуларните болести, болестите на бубрезите и оштетување на нервите.

Соковите кои содржат додаден шеќер заменете ги со природни сокови

Само едно малечко шише од овие сокови може да содржи над 200 калории и 40 грама јаглени хидрати, а тоа е количина која е еднаква на 12 лажици шеќер. Доколку на тоа им ги додадеме и енергетските пијалоци и газираните сокови, количините на нездрави материи кои ги конзумираме се исклучително високи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top