| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот бизнис сака надвор од ЕУ

kameronПетстотини британски бизнисмени прават притисок врз Дејвид Камерон наново да преговара за условите за членство на Велика Британија во Европската унија.
Големиот број компании и даваат тежината на „Бизнис за Британија“ група која почна кампања со која се бара подобар договор за работни места, економски раст и за други области од политиката на Брисел.
На промовирањето на кампањата, Метју Елиот, извршен директор на „Бизнис за Велика Британија“, тврди дека односите со ЕУ “повеќе личат на несреќен брак, па дури и се сведува на спорот околу кој ќе ја пази рибата”.
Премиерот Камерон најави ревизија на договорот со Брисел, а потоа и референдум дали граѓаните го прифаќаат договорот со ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top