Делегацијата на Европската Унија во Скопје се оградува од ставовите на белгискиот филозоф Питер Ванхауте.
„Ставовите на ЕУ ги изразува делегацијата на ЕУ во Скопје. За ставовите на Ванхауте ќе морате да го прашате Ван Хауте“ – изјавиле од мисијата на ЕУ во Скопје за Прес24. Порталот побарал став на ЕУ за ставовите на Белгиецот и неговата последна изјава на Твитер дека Македонија е светлосни години далеку од ЕУ.
Ова е втор пат Мисијата на Европската Унија во Македонија да се огради од ставовите на Ванхауте.
Белгиецот во последните неколку месеци постојано излегува со лични ставови во кои главно ја напаѓа Македонија.
Во јавноста стана познато по објавувањето на фотографии со мачки со испишани политички пораки.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од еден месец комплетно ја прекина соработката со Ванхауте и од олеснувач во преговорите го прогласи за обичен турист во Македонија, препорачувајќи му да го посети Музејот на македонската борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.