
Стратегот на Барселона, Луис Енрике вели дека не стравува од ниту еден тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонците сосема заслужено славеа и на вториот дуел против Арсенал, па во пресрет на утрежната ждрепка Енрике може да си дозволи и малку шега.
– На утрешната ждрепка единствено не би сакал да ја извлечеме Барселона, се друго може… – вели Енрике, осврнувајќи се и на синоќешниот дуел:
– Извонредна работа е што на терен работиме заедно и во напад и во одбрана. Воодушевен сум од Меси, Суарез и Нејмар во нападот. Овој двомеч значеше дека еден кандидат за трофеј испаѓа, што е добро за нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


