| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени германската амбасада во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул заради терористичка закана

Германската амбасада во Анкара и Генералниот конзулат на оваа земја и германското училиште во Истанбул денеска се затворени поради терористичка закана, информира ДПА.

germ amb

Германската амбасада во Анкара и германскиот Генерален конзулат во Истанбул денеска се затворени поради индикации за можен напад, пренесоа британските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Германија.

Министерството посочи дека германското училиште во Истанбул, исто така, е затворено поради „непотврдена закана“.

Германија во вторникот издаде предупредување кон своите државјани во Анкара за „претстоен напад“.

Конзулатот, преку електронска пошта, на германските државјани им посочи дека ги затвора своите врати по добиено предупредување „кое не е убедливо проверено“.

И двата објекта во Истанбул денеска ќе останат затворени како мерка на внимателност, се посочува во електронската пошта.

Во бомбашки атентат во неделата во Анкара загинаа 37 лица.

Во јануари 12 германски туристи беа убиени во самоубиствен напад во Истанбул, за кој беше обвинета групата Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top