Атинската архиепископија ги известила своите свештеници и црковните офицери дека за Велигден нема да добија дополнителна плата.
Архиепископијата ги информирала дека се укинувааат бонусите и за Божиќ како и за годишниот одмор. Така, сите оние на кои црквата им е работодавач, а ги има околу 10.000 во Грција, во иднина ќе имаат само 12 плати наместо 15 колку што досега земаа.
Платите на повисокото и пониското свештенството се даваат од државниот буџет преку епархијата. Како што соопштија од Архиепископијата, секоја митрополија ако имате средства може да го исплати велигденскиот бонус во висина од најмногу една плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


