| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина има ново момче (ФОТО)

karolina

Љубовниот живот на една од најпознатите македонски пејачки секогаш бил интересен за јавноста. Каролина Гочева и самата се шегува на сметка на тоа колку пати медиумите ја „омажиле“.

Сега, според „Либертас“, Гочева има ново момче. Таа е во врска со скопјанецот Михаил, синот на дизајнерката Лиле Корубин.

mihaiil-korubin

Извори за порталот велат дека Каролина веќе два месеца ја крие врската со Михаил од јавноста и дека е многу вљубена.

Таа и Михаил се запознале на една забава и од тогаш се неразделни.

1mihail-640x565

Михаил потекнува од познато уметичко семејство, татко му е реномираниот сликар Рубенс Корубин, а мајка му Лиле Корубин е наш познат дизајнер. Има помал брат Дамјан.

Михаил е магистар по ликовни уметности, а неговите дела се изложени во Софија, Торонто, Њујорк.

7ea9c366ba0670e96e68bb0c6fd5558c

Нивната прва заедничка фотографија во јавноста погледнете ја тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top