Откако Славица Чуктераш најави дека ќе го напушти шоуто „Твоето лице звучи познато“, бидејќи е бремена, продукцијата реши нејзиното место да го замени со Милица Павловиќ.
Сепак она што е поинтересно е дека ТВ Прва во недела навечер на сцената на ТЛЗП ќе ги спои лутите ривалки Јелена Карлеуша и Светлана Ражнатовиќ.
Меѓутоа овие две пејачки ќе се судрат само низ интерпретациите на Дара Бубамара и Милица Павловиќ.
Дара ќе ја видиме како Карлеуша, додека Милица ќе биде Цеца. Иако и Дара не е во добри односи со Карлеуша, таа на големо работи на симнување на движењата и гласот на Карлеуша.
Дара и Милица ќе се бакнат и поздрават кога ќе излезат на сцена, што ќе биде симболичен приказ на нивното помирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.