| четврток, 6 декември 2018 |

Саемот за мебел во рекордни 11 хали со 400 штандови

Од вторник до недела, 22 до 27 март, започнува 42. по ред Меѓународен саем за мебел на Скопски саем.

Повеќе од 400 странски и домашни изложувачи, со понуда од 10.000 изложени парчиња на мебел, за првпат во рекордни 11 саемски хали – меѓународниот саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко.

IMG_1559

– Меѓународниот саем мебел стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко, која е запаметена и со нетрпение очекувана заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание – изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на саемот за мебел, а годинава се очекува оваа бројка да биде надмината.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top