| четврток, 6 декември 2018 |

25 изненадувања за 25 години постоење на „Технокооп мебел“

Македонската компанија „Технокооп мебел“ на саемот за мебел за своите купувачи подготви вредни изненадувања. Преку наградување на купувачите „Технокооп мебел“ одбележува 25 години од своето постоење на пазарот.

Француски кревет, трпезариска маса со столчиња, лежалка, вредносни ваучери од „Технокооп мебел“, „Коинкаса“ (Coincasa) и „Хоум“ (@Home), клуб масички, табуретки, се изненадувањата што ги очекуваат.

Tehnokoop mebel_1

 

Наградите ќе се добиваат по принципот на извлекување, а право на учество во извлекувањето ќе имаат оние купувачи што направиле нарачка на саемот за мебел од „Технокооп“ со вкупна вредност од минимум 15.000 денари. По купениот или нарачаниот предмет од штандот на „Технокооп мебел“, купувачот добива право да извлекува една од 25 награди.

– Кога влеговме во 25. година постоење, одлучивме да ги одбележиме сите овие години на растење, развивање и креирање на пазарот преку изненадувања за купувачите. Сакаме преку изненадувања, бенефицирани програми, промоции и акциски намалувања да возвратиме на довербата што во текот на 25 години постоење ја добиваме од купувачите – изјави Тони Божиновски, генерален менаџер на „Технокооп мебел“.

„Технокооп мебел“ е една од првите компании за мебел во Македонија, којашто се издвојува со услугата дизајнирање и изработка на мебел според индивидуалните барања на купувачите, како и квалитет во производството, иновативност во опремувањето на ентериери.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top