Навидум едноставната приказна за доброто и злото, за суровоста и бездушноста кои ги победува љубовта, Џакомо Пучини, Џузепе Адами и Ренато Симони ја преточиле во извонредната опера „Турандот“. Македонската публика повеќе од десет години со голем ентузијазам го исполнува гледалиштето при секоја најава на овој наслов.
Оперското ремек-дело „Турандот“, овој пат видено низ нова естетска призма, а премиерната изведба е на 25.03.2016 (петок), 20.00 ч.
Режисерот Џанкарло дел Монако е син на легендарниот тенор Марио Дел Монако, за многумина симбол на драматиката во операта. Уметникот кој во својот живот операта ја чувстувувал како единствената платформа за егзистенција на сонот, деновиве во Скопје уште еднаш ќе го сонува својот сон. Во листата на „сонувачи“ се вбројуваат уште неколку имиња меѓу кои сценографот Вилијам Орланди, сценскиот и светло-дизајнер Волфганг фон Цубек и диригентот Џанлука Мартиненги, и врвна солистичка екипа.
Билетите за премиерата се во продажба на билетарницата на МОБ по цена од 600, 800 и 1000 денари.
Контакт тел: 02 3118-451; online: www.mob.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.