| четврток, 6 декември 2018 |

Судбината на пилотот кој ја издал Русија за време на Студената војна (ФОТО)

Историјата на авијацијата за време на Студената војна, полна е со приказни за пребегувања на пилоти кои со своите авиони прелетале на спротивната страна од разни идеолошки убедувања, но и чисто од материјални причини.

viktor-belenko-foto-printcreen-twitter-1457977571-863823

Меѓутоа, едно пребегување кое се случило во септември 1976 година, посебно се издвоило, кога советскиот поручник Виктор Беленко со својот суперсоничен ловец МИГ-25 прелетал во Јапонија и им овозможил на Американците да стекнат увид во ова светско чудо. Нив тогаш им успеало да се запознаат со авионот до најситниот детаљ, кој тогаш претставувал најстрого чувана воена тајна.

 

Мотивот на Беленко не бил идеолошки, ни материјален, туку според неговите зборови, поради „длабоко разочарување“ од очајните услови на ескадрилата во која стигнал пилотот на суперсоничниот ловец. Очајувањето било уште поголемо и заради штедењето на гориво кое било потребно за да се изврши потребниот налет за летало какво што е МИГ-25, што кај пилотот предизвикало фрустрации. Наводно комесарите со самото тоа спречувале можност за пребегувања.
COQaXaDU8AAVP8P
Беленко започнал да кова план. Можноста за бегство ја добил на 6 септември 1976 година з авреме на рутинска вежба. По полетувањето од матичниот аеродром во близина на Владивосток, Беленко со авионот извел поспесифичен лет, за колегите од единицата што потешко да го забележат и пресретнат. Користејќи го нивното невнимание за брзо време се приближил до јапонскиот воздушен простор.
Во многу лоши услови и проблеми слетал на мал цивилен аеродром Хокадатео. Леталото се сопрело. Излегувајќи од авионот пред вчудоневидените Јапонци, веднаш побарал азил, а истиот момент се отворила нова приказна во која на сцена стапила дипломатијата и тајни агенти.
Американците веднаш по слетувањето биле запознаени со овој необичен прелет. Ни самите не можеле да веруваат дека како подарок го добиле ловецот во кој дотогаш се раскажувани различни легенди и митови. Врвниот ловец од кој се плашеле сите членки на НАТО, се нашол во американски раце. Започнала моментална операција за испитување на леталото.
COOKHFHUYAE4lbS

Изнервираните Совети веднаш по сознанието за пребегувањето на Беленко, го ангажирале најдобриот советски таен агент во Јапонија, Станислав Левченко, веднаш да обезбеди враќање на авионот и Беленко. Влијанието требало да почне најпрво преку медиумите, кога требало да да се објави „наводното“ писмо од сопругата на Беленко, која под уцена, го повикува сопругот да се врати во Советскиот Сојуз. Но јапонските медиуми одбиле да го отпечатат ова писмо.

CONU5HOWoAA2AqB

Беленко својата кариера ја продолжил и како соработник на американската разузнавачка заедница,па неговото име се споменува во истрагата за соборувањето на јужнокорејскиот боинг 747. Токму тој наводно ги превел и дешифрирал прислушкувани разговори меѓу пилотите на ловеците кои учествувале во соборувањето на боингот.

CMOBOonWoAAO0D-

Непотврдени извори велат дека во 1982 година, Беленко го контактирал советскиот воен аташе во САД, за да му каже дека има желба да се врати во Руија, меѓутоа со него бил одбиен секаков разговор. Беленко ни после распадот на ССР не се вратил во својата татковина, бидејќи сонародниците никогаш не му го простиле овој предавнички чин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top