Вкупно шест сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од кои четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.
Како што информират одСВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Триесет и четири возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, како и девет возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 71 возило.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Васил Главинов“, општина Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.