Околу 6.000 граѓани се одзваа на повикот на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за одбрана на Уставниот суд од притосоците кои подолго време врз судиите го вршат сателитите на СДСМ а финансирани од СОРОС.
Тие се на местата на приодите кон објектот на Уставниот суд уште од денеска наутро.
-Ги повикувам граѓаните собирот да биде мирен, достоинствен да ги одбраниме македонските институции, да не дозволиме врз нив да се врши притисок затоа што ако нема институции, нема ни држава. Затоа што сите оние што се обидуваат да ни ги урнат институциите, да го урнат водството во Р. Македонија сакаат да не постои Р. Македонија. Очигледно е дека граѓаните сакаат да ги одбранат институциите и навистина се наоѓаме во едена шизофрена ситуација каде што министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, кој што Граѓанската опција за Македонија не го признава и тој вечерва ќе протестира- потенцираше Јакимовски.
Повеќе здруженија предвоени од ГРОМ велат дека ќе го чуваат Уставниот суд, а со тоа и уставниот поредок. Тие сметаат дека никој нема право да врши притисок на институциите и да му забранува на уставниот суд да донесе одлука кој треба да си ја работи својата работа.
Јакимовски јавно го постави прашање, што ќе прават полицајците кога нивниот министер за внатрешни работи ќе тргне да протестира против највисоката институција, Уставниот суд?
-Тоа значи дека граѓаните ќе бидат подготвени со жив штит да си ги бранат сопствените институции ако ја сакаат сопствената држава без разлика дали некој во моментов ја извршува функцијата министер или било што. Напротив јас сметам дека оние што се наоѓаат на највисоки државни функции треба да создаваат ред и поредок и да допринесат за смирување на тензиите во Македонија и надминување на оваа политичка криза во која се наоѓа нашата држава- рече Јакимовски.
Во меѓувреме, протестантите на СДСМ од протестот пред Владата се упатија кон Уставниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа