| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнати две момчиња кај „Чаирчанка“

cair

Вчера околу 13.30 ч. во Скопје во близина на ТЦ „Чаирчанка“, две седумнаесетгодишни момчиња, поради претходна расправија, физички биле нападнати од друга група малолетници. Притоа им биле нанесени телесни повреди од непознат тврд предмет.

Истите се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top