Денеска со почеток во 18 часот во организација на Граѓанската опција за Македонија организираме собир на граѓаните во одбрана на македонските институции. Ние сметаме дека секој треба да работи во согласност со Уставот и со законите и во согласност со сопствените убедувања, најави денеска лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.
Тој истакна дека никој нема право да врши притисок на институциите и да му забранува на Уставниот суд да донесе одлука, кој треба да си ја работи својата работа.
-Ги повикувам граѓаните собирот да биде мирен, достоинствен да ги одбраниме македонските институции, да не дозволиме врз нив да се врши притисок затоа што ако нема институции, нема ни држава. Затоа што сите оние што се обидуваат да ни ги урнат институциите, да го урнат водството во Р. Македонија сакаат да не постои Р. Македонија. Очигледно е дека граѓаните сакаат да ги одбранат институциите и навистина се наоѓаме во едена шизофрена ситуација каде што министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, кој што Граѓанската опција за Македонија не го признава и тој вечерва ќе протестира – потенцираше Јакимовски.
Тој јавно постави прашање, што ќе прават полицајците кога нивниот министер за внатрешни работи ќе тргне да протестира против највисоката институција во Р. Македонија, Уставниот суд.
-Тоа значи дека граѓаните ќе бидат подготвени со жив штит да си ги бранат сопствените институции ако ја сакаат сопствената држава без разлика дали некој во моментов ја извршува функцијата министер или било што. Напротив јас сметам дека оние што се наоѓаат на највисоки државни функции треба да создаваат ред и поредок и да допринесат за смирување на тензиите во Р. Македонија и надминување на оваа политичка криза во која се наоѓа нашата држава – рече Јакимовски.
Пред Уставниот суд веќе се собираат поддржувачи на ГРОМ кои денеска ќе протестираат за одбрана на македонските институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Јакимовски: Со овој договор треба да се откажеме од човековите права на нашето национално малцинство во Бугарија