Театарската претстава „Каде исчезна Хармс“ на Народно позориште Ниш гостува в среда, 16 март, во Македонскиот народен театар во 20 часот. Автор на текстот е Мила Машовиќ – Николиќ, а режијата е на Ангелчо Илиевски.
Овој текст во оригиналниот наслов „Граѓанинот Хармс“ претставува еден вид документарна фикција за рускиот авангарден книжевник Данило Хармс. За разлика од познатиот филм од 1980-тите, оваа претстава е комбинација на фикција и на факти.
Текстот е напишан врз база на историски материјали, дневникот на Хармс, бележници, полициски досиеја, сведочења на оние што го познавале, но и врз основа на неговата книжевност – кратки приказни, драми и песни. Она што е интересно е дека преку оваа драма се искажува на кој начин и до која мерка се развива тоталитаризмот во една устроена и бирократска земја, каква што била Русија. Апсурдот на Хармсовото животно страдање би требало да биде една опомена за сите нас.
Приказната за Хармс е приказна за неправдата и за прогонот кој им се случува на уметниците, во таа смисла приказната е универзална и вреди да биде прераскажана.
Играат Душан Матејиќ, Евгенија Станковиќ, Ристо Буковиќ, Маја Банковиќ, Катарина Митиќ, Марјан Тодоровиќ, Александар Михаиловиќ, Драгослав Савиќ и Лука Грубишиќ.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 300 ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“