Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека давањето оцена за некого дека е терорист треба да се прошири и во себе да ги вклучува и поддржувачите на тероризмот, кои, исто така, се виновни.
– Не само човекот што го повлекол чкрапалото, туку и тие што го направиле тоа можно треба да бидат класификувани како терористи, независно како се нарекуваат, изјави Ердоган по новиот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица.
– Поддржувачите можат да се новинари, пратеници или активисти – додаде тој.
Турската армија ги отфрли руските обвиненија дека нејзини единици се наоѓаат на сириска територија, додаваат британските медиуми.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера за телевизијата „Рен“ изјави дека Москва располага со докази за присуството на турски вооружени сили на сириска територија, потсетуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.