Министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер синоќа пред новинарите на австриската агенција АПА ја пофали македонската Влада за нејзиното дејствување во однос на бегалската криза.
– Македонија досега придонесе многу повеќе за стабилноста на Европа отколку одделни држави-членки на Европската унија, изјави таа.
По повод обидот на бегалците илегално да влезат во Македонија, Микл-Лајтнер истакна дека одговорноста за тие драматични сцени ја сносат оние кои кај луѓето сместени во Идомени поттикнале лажни очекувања.
Таа на бегалците им советува да останат во Грција.
– Кој им посакува добро на луѓето во кампот, треба да ги посоветува да прифатат храна и сместување на топло. Наместо тоа им се сигнализира дека е можно, на своја рака, да појдат на пат кон посакуваната дестинација. Тоа е неодговорно и мора најостро да се осуди, потенцира австриската министерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“