| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо со авион, на пат за Барселона со воз

ИХФ се извини за создадените проблеми и побара разбирање од сите репрезентации кои настрадаа поради транспортните проблеми

borko-kire Македонската репрезентација денеска патува шест часа со воз до Барселона.

Избраниците на Звонко Шундовски наместо тренинг, попладнево ќе бидат приморани да се рехабилитираат од речиси десетчасовното малтретирање.

Возот од Севилја тргнал со задоцнување од три часа, поради лошите временски прилики во Андалузија.
По барање на Германците, поради нивните телевизиски права,мечот утре се игра во 15: 45, што значи нашите ракометари нема да имаат време да одржат добар тренинг.

Германците, пак, немаат потреба да патуваат оти се веќе во Барселона.

Поради изолираноста на аеродромот во Севилја челниците на ИХФ донесоа одлука сите репрезентации да патуваат кон своите следни дестинации со експресните возови, наместо со авион. Но, стручњаците на ИХФ никако не сакаат да ги поместат саатниците на натпреварите зашто тогаш би ги загубиле парите од ТВ-правата, особено кога станува збор за Германија и за скандинавските земји.

Со свое извинување се огласи ИХФ, која се извини за создадените проблеми и побара разбирање од сите репрезентации кои настрадаа поради транспортните проблеми. ИХФ се повика на силната бура што ја зафати Шпанија и која ги прекина транспортните комуникации на шпанската брза железница. Покрај Македонија, настрадаа и селекциите на Исланд, Данска и Русија, како и Чиле и Катар кои треба да играат на „Президент купот“ во Гвадалахара.Ракометарите спиеле на под чекајќи да дојде време возот да тргне кон Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top