Војин Ражнатовиќ често на социјалните мрежи го валка името на вдовицата на неговиот татко Аркан, а овој пат се фати за вмешаноста на Цеца околу киднапирањето на еден НБА кошаркар.

-Во самата хиерархија на Земунскиот клан, Цеца имаше многу важна улога. Не беше само миленичка или маскота како што се претпоставуваше. Нејзината улога беше од клучна важност – мамка за повее милионски киднапирања. Во тоа време беше во врска со познат српски кошаркар во НБА лига (кој неколку пати го посети и во Калифорнија каде тој престојуваше). Планот беше да го намами да дојде во Белград каде членовите на Земунскиот клан би го киднапирале и би му изнудиле 10 милиони долари – напишал Ражнатовиќ на Фејсбук.

Дури четворица српски кошаркари играа во НБА тимовите во Калфиронија во тој период. Та беа Владе Дивац и Предраг Стојковиќ во Сакраменто Кингс, Владимир Радмановиќ во ЛА Клиперс и ЛА Лејкерси, како и Марко Јариќ во ЛА Клиперс.
Така што е јасно дека Војин Ражнатовиќ мислеле на некој од оваа четворка…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


