Амбасадорот на Австралија во Турција синоќа бил во своето возило и се нашол на само неколку метри од експлозијата во Анкара, во која беа убиени 35 лица, соопшти австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, цитирана од ДПА.
Бишоп објасни дека амбасадорот Џејмс Ларсен бил во својот автомобил на крстосница, кога бомбата експлодирала на само 20 метри од него.
– Тој е добро, но е шокиран од она што го виде. Не сметаме дека има убиени или повредени странци во нападот, но за тоа се води истрага – изјави Бишоп за телевизијата „Скај њуз“.
– Амбасадорот рече дека глетката била потресна. Тој и сите вработени во Австралиската амбасада во Турција се добри – додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.