| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на жртвите од експлозијата во Анкара се зголеми на 33 лица

Бројот на жртвите од експлозијата во турската престолнина Анкара, достигна 33 лица, пренесуваат агенциите повикувајќи се на безбедносните структури, пишува „Макфакс“.

Експлозијата одекна во центарот на турската престолнина Анкара, околу 18.30 часот по локално време во областа во близина на министерствата за правда и за внатрешни работи кои во тие моменти биле преполни со службеници.

Телевизијата TRT наведува дека автомобилот бомба, за што се верува дека ја активирал самоубиец, експлодирала меѓу два автобуса со по околу 20 патници, во регионот на паркот Ѓувен во квартот Кизлај.

Се наведува дека експлозијата којашто веднаш беше квалификувана како терористички напад, се склучила во близина на една од канцелариите на турскиот премиер, во период од денот кога блиската автобуска станица била преполна со луѓе.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за експлозијата, но турските власти веќе го вперија прстот во забранетата Работничката партија на Курдистан (PKK).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top