| четврток, 6 декември 2018 |

Прошетка со воен брод низ Охридското Езеро

Воени бродови ќе бидат туристичка атракција во Охрид ова лето. АРМ денеска свечено го пушти во употреба, едниот од двата патролни бродови што ги наследи од некогашната ЈНА. Тој е целосно реновиран и оспособен за пловидба, а  покрај за обука и воена намена, ќе може да се користи и за туристички цели. Ова денеска го најавија министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески, при посетата на Центарот за обука на вода, кој ќе ги опслужува воените бродови.

brod arm1

-Овој брод ќе се користи првенствено за обука на припадниците на АРМ, како и за поддршка на граничната полиција. За употреба на бродот во комерцијални цели потребно е да ги разгледаме можностите со охридската капетанија-истакна началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески.brod arm2

Тој посочи дека во тек е реконструкција и на вториот патролен чамец, кој ќе исполнува услови за комерцијална пловидба. Тој ќе се користи за прошетка на воени и други делегации по Охридското Езеро, а ќе служи и како логистика на армијата.

Двата патролни чамци кои ги обновува АРМ се произведени во далечната 1970 година во бродоградилиштето „Сава Ковачевиќ“ во Тиват, Црна Гора.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top