| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена тревога во Хрватска: Се очекува ветер од 145 километри на час

Метеоролозите во Хрватска денеска предупредија  за опасност од оркански ветар, дожд и снег, пишува. „Јутарњи лист”. Во внатрешноста на земјата, а на места и долж јадранскиот брег се очекува дожд, а во централните области и снег, проследени со грмотевици во планинските области. За реонот на полуостровот Истра и северното крајбрежје е прогласено ниво на црвена тревога за опасност поради очекувања за оркански ветар, кој според прогнозите, на моменти ќе достигне до 145 километри на час. За Загреб и целиот северозападен дел на земјата е прогласен жолт код. Таму се очекува североисточен ветер со брзина до 95 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top