| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете ги четирите златни правила на исхраната: Првото е „Не јадете на нога“!

Правило на три минути – чувството на глад доаѓа од главата, без разлика дали желудникот ви е полн или празен. Кога имате нагон за благо или за нездрава храна никогаш не посегнувајте по неа, туку оставете да поминат 3 минути додека да ви помине желбата. Во меѓувреме занимавајте се со нешто друго. На пример станете прошетајте, разговарајте со колегите или најблиските и слично.

Не јадете на нога – како и каде јадете? Потрудете се да не јадете на нога и пред телевизорот. Потрудете се оброците да бидат консумирани на трпеза, каде што ќе знаете точно колку и што сте изеле. На овој начин ќе го потиснете лажното чувство на глад.

Дајте и шанса на здравата храна – хамбургерот и пржените компирчиња можеби се највкусното нешто што сте го пробале, но тоа не значи дека и брокулата не може да биде приготвена на вкусен начин. Секоја намирница се претвора во превкусен оброк, сè додека знаете да ја приготвите на вистинскиот начин. Затоа не ја избегнувајте здравата храна и потрудете се да експериментирате со рецептите.

Купувајте едноставна храна – многу е подобро да купувате намирници на кои нема декларации со опширни описи како на пример овошје, зеленчук, риба, ориз, тестенини, сирење. Избегнувајте купување на готови и полуготови јадења. Наместо тоа гответе сами и на тој начин со сигурност ќе знаете што јадете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top