По повод големиот празник Велики Поклади Прочка , претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка до Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и до сите христијански верници.
-Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО ДПМНЕ, вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, да ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади Прочка. Блискоста и љубовта во секое семејство, во секое познанство и пријателство, од секогаш била поврзана со овој убав ден. Нашиот народ знае да простува затоа што простувањето е една од основните потпори на нашата вера, една од основните пораки на нашиот спасител Исус Христос. Нема човек кој е безгрешен и токму затоа, тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да ги пречекаме пораките кои ни ги носи овој ден , се наведува меѓу другото во честитката .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски