Секоја жена би сакала да има помлад партнер покрај себе, но најновите истражувања покажуваат дека тоа и не е толку добро како што изгледа!
Се смета дека жените кои се во брак со помлад маж ја преживуваат втората младост, но експертите од списанието „Демографи“ предупредуваат дека таквата врска би можела да ги донесе до рана смрт.
По деталното истражување спроведено на примерок од два милиони парови, истражувачите дошле до шокантен заклучок!
Според нивните податоци жените, кои имаат седум до девет години помлад партнер имаат 20 отсто поголема стапка на смртност од жените омажени за маж на нивни години.
Експертите се уште не успеале да сфатат што точно го предизвикува тој феномен, но сметаат дека жените со помлад партнер се осудени на оговарање и на препреките на општеството, што доведува до стрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.