Германскиот авто-гигант БМВ се извини поради своето воено минато и призна дека компанијата ги снабдувала нацистите со возила.
Компанијата со длабоко жалење призна и дека луѓето ги принудувала на работење. Германскиот производител на автмобили ја искористи прославата по повод 100 години од основањето за да се извини за своето нацистичко минато.
Извинувањето и изјавата на „длабоко желење“ поради улогата во користењето на работници – робови поради снабдувањето на Хитлеровиот Трет рајх со оружје и аеро мотори компанијата ги изнела заедно со визијата за нова ера во развојот на автомобилската индустрија.
Истакнуваат во соопштението дека компанијата се соочува со „мрачно поглавие од својата историја“ во Минхен, градот од кадешто нацистите, односно Нацистичката партија и ги влече корените.
Семејството Квант стана вечински сопственик на БМВ по Втората светска војна. Нивната врска со нацистите е откриена во 2007 година во документарецот емитуван на националната телевизја. Четири години подоцна тоа и го признала по една деценија молчење. Откриено е дека Гинтер Квант бил ангажиран за аријанизација на еврејските компании. Исто така, доведен е во врска со најлошите злосторства на нацистичкиот режим во германија. Гинтер станал член на нацистите во 1933 година, а четири години порано се развел од Магда Беренд Ричел, со која останал во добри односи.
Компанијата на прославата на роденденот соопштила и дека биле соочени со многу кризи во текот на својата историја како што е најновата околу притисокот и лобирањето околу Брексит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.