Шеснаесет годишно момче е тешко повредено откако синоќа околу 2 часот во него удрил автомобил „Матиз“. Според информациите од полицијата несреќата се случила на улицата „11 Октомври“, кога автомобилот управуван од Д.Т. (30) удрил во момчето.
Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Неофицијално момчето се здобило со фрактура на черепот.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.