Авионот на култниот хеви метал бенд „Ајрон Мејден“ имал несекојдневна несреќа во која повредени се две лица.Приватниот „Боинг 747“ познат како „Ed Forse One“ со кој пилотира фронтменот и пејачот на бендот Брус Дикинсон, удрил во камион на меѓународниот аеродром во Сантијаго, Чиле.
Авионот требало да дополни гориво поради лет за Аргентина каде бендот имал закажан концерт во рамки на светката турнеја. Од сударот оштетен е еден од моторите на авионот, а повредени се и двајца аеродромски работници кои завршиле во болница.
Членовите на бендот, како што е соопштено, во тој момент не биле во авионот. За среќа на обожавателите, „Ајрон Мејден“ на својот сајт објавиле соопштение во кое се наведува дека овој инцидент нема да влијае на редоследот на концерти и дека истите закажани во Кордоба и Буенос Аирес ќе се одржат.
-Мајсторите се на лице место и ја проценуваат штетата, но според првичните проценки моторот претрпел голема штета и потребно е подолго време за да се поправи, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.