Во голема лавина во италијанските Алпи денеска настрадаа шест лица, јавија француските медиуми, повикувајќи се на локалната планинска служба за спасување, додека британските медиуми претходно јавија дека е потврдена смртта на две лица, а дека по останатите се уште се трага.
Лавината се откачила на височина поголема од 3.000 метри на планината Монте Невозо, во јужен Тирол, во близина до австриската граница.
Локалниот весник од Алто Адиџе на својот сајт наведе дека е можно барем десет лица да останале затрупани под снегот.
На местото на несреќата пристигнал хеликоптер со кој се донесени кучиња трагачи, кои се обидуваат да ги лоцираат преживеаните, наведе агенцијата АНСА.
Првите две лица за кои е потврдено дека настрадале претходно се обиделе да се качат на врвот на планината, и покрај тоа што имало предупредување за лавина од степен „три“, на скалата на која „пет“ значи најголем ризик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.