| четврток, 6 декември 2018 |

Главни карактеристики на дамите родени во месец март

Во прилог погледнете ги добрите и лошите карактеристики на сите дами родени во месец март.

devojka-1398542809-34320

Тие се атрактивни личности и едноставно е тешко да не ги забележите. Од друга страна се нежни па дури и хиперсензитивни.

Во основа се срамежливи и воздржани. Тајновите се па тешко на кого му ја откриваат својата длабока интима.

Го сакаат својот мир, а природно се искрени и великодушни.

Сакаат да им бедат на услуга на пријателите па затоа ги погодува туѓата болка, но искрено и се радуваат и на туѓата среќа и успех.

На нив можете да им се доверите и тешко да ги налутите, но сепак и тие си имаат својата граница.

Дамите родени во месец март сакаат да фантазираат и да сонуваат. Патувањата ги радуваат и позитивно влијаат на нивната психа.

Но понекогаш знаат да бидат чудни и затоа не треба да не изненадува нивната честа промена на расположенијата која често знае да прејде и во меланхолија. Како што кажавме тешко се лутат, но ако ги навредите или повредите, верувајте дека тие тоа нема да го заборават и трпеливо ќе ја чекаат својата прилика да ви вратат во иста мера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top