| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер на Урошевиќ и Кадаре во Солун

Во просториите на Францускиот институт во Солун, денеска, 11 март, ќе биде одржана „Балканска книжевна вечер“. Манифестацијата се одржува во рамките на Деновите на франкофонијата, во организација на Францускиот институт, а во соработка со конзулатите на Република Македонија и на Република Албанија.

Вечерта е посветена на делото на македонскиот писател, академик Влада Урошевиќ и на албанскиот романсиер Исмаил Кадаре, и притоа е предвидено присуството на двајцата писатели.

Вечерта ќе ја отворат дипломатските претставници на Македонија и Албанија во Солун – Маја Апостолова и Павлина Или.

За поезијата на Влада Урошевиќ и, посебно, за неговата нова книга песни преведена на француски и објавена во Париз, ќе зборува писателот Владимир Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top