Како што старееме, шансата за зголемени здравствени проблеми се зголемува. Поради тоа лекарите препорачуваат секоја година да се направи систематски преглед или да се направат овие четири испитувања.
Крвен притисок
Високиот крвен притисок не се наречува „тивок убиец“ без причина. Не постојат никакви симптоми за овој здравствен проблем, а тој навистина може да го доведе животот на човекот во опасност. Ако немате проблеми со срцето или во семејството немате историја на кардиоваскуларни болести, притисокот треба да го мерите минимално, еднаш годишно. Ако имате проблеми, редовно следете го крвиот притисок.
Холестерол
Еднаш годишно треба да го проверите нивото на холестеролот во крвта, а ако веќе имате проблеми со холестеролот или со вишокот килограми, тогаш се препорачува да го контролирате секои три до четири месеци.
Нивото на шеќер во крвта
Ако сте здрави, вешето тело благодарение на панкреасот кој произведува инсулин го регулира нивото на шеќер во крвта. Меѓутоа, многу други болести или пак вишок килограми влијаат на работата на панреасот и производството на инсулин, па поради тоа доаѓа до зголемување на нивото на шеќерот. Така доаѓа до развојот на дијабетес. Нивото на шеќер во крвта би требало да се проверуваат еднаш годишно, а лицата кои имаат дијабетес, тоа мора да го прават секојдневно.
ТСХ
Едно од 10 лица, претежно жени, во текот на животот имаат проблеми со штитната жлезда. Симптомите на болна штитна жлезда се различни, но понекогаш хормоините Т3 и Т4 нормални, па болеста може да не се забележи. Поради тоа треба да се контролира нивото на ТСХ, хормонот кој го испушта хипофизата бидејќи неговото зголемено ниво упатува на проблеми со штитната жлезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.