Фенербахче е првиот тим што обезбеди место во четвртфиналето од Евролигата, откако турскиот гигант вечерва славеше во дербито на групата на гостински терен против Локомотив Кубан со 52-55. Тренерот Обрадовиќ повторно го имаше Слукас во тимот, додека нашиот Перо Антиќ се уште е „во аут“ поради повреда, но тоа не му пречеш на српскиот стратег со извонредно поставена одбрана да го трасира патот до нова победа, деветта во десеттото коло од Топ 16 фазата.
Дуелот беше израмнет во текот на сите 40 минути, а како пресудна се покажа одличната дефанзива на турскиот гигант во последниот период, кога Локомотив постигна само осум поени. Во овој период рускиот состав промаши и неколку значајни слободни фрлања, со што им овозможи на гостите да се радуваат на голема победа.
Богдан Богдановиќ со 17 поени беше најзаслужен за победата на на турскиот гигант, двоцифрен ефект имаше само уште Луиџи Датоме со 10, додека кај Локомотив најефикасни беа Клавер и Дилејни со по 12 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.