| четврток, 6 декември 2018 |

Лажен вооружен полицаец влегол во Основен Суд

policajacМаж денеска се обидел да влезе во Основниот Суд во Нов Белград, лажно се претставил како полицаец.

Имено мажот утрово во зградата на Судот на булевар Михаило Пупин се претставил како полицаец па дури покажал и значка. Сепак на судијата му бил сомнителен па одлучиле да го претресат, за време на претресот утврдено е дека само значката што ја носел со себе била лажна, а пиштолот бил наполнет со куршуми.

-За среќа што реагиравме во вистинско време и го задржавме додека дојде полицијата, изјавиле од Судот.

Тој веднаш бил приведен и против него ќе биде испратена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top