| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката гледала на Скајп како сопругот ја убива 12-годишната ќерка

Започна судењето на таткото кој минатата година во Либерец, северна Чешка, ја уби својата 12-годишна ќерка, додека преку Скајп мајката на девојчето убиството го гледала во живо, неможејќи да стори ништо.

Марчела Дострасилова, мајката на несреќното девојче, во моментот на трагедијата била во Саудиска Арабија, каде работела како медицинска сестра.

Нејзиниот сопруг, ноќта на 15-ти септември минатата година, ја натерал малата Јохана да и се јави на мајка и преку Скајп. Мајката одговорила на повикот, а тогаш таткото монструм со 12 убоди од нож ја убил малата Јохана.

Откако видела што се случува, мајката веднаш се јавила кај соседите и роднините, но кога пристигнале веќе било предоцна за несреќното девојче.

За ова брутално убиство на таткото му се заканува казна доживотен затвор.

Мотивот, според истрагата, е љубомората кон мајката која го издржувала семејството, како и нејзината намера со заработените пари во странство да му помогне на талентираното девојче да се пробие како пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top