Европската унија информира дека 23 од земјите членки треба да почнат да примаат секој месец вкупно 6.000 бегалци од Грција и Италија, за да ја олеснат миграциската криза во Европа.
Во септември ЕУ вети дека ќе прераспредели за две години 160.000 бегалци од Грција, Италија и трети земји, но за седум месеци беа распределени помалку од 900 лица.
Оваа шема е клучна за совладување на миграцискиот бран кон Европа, забележуваат агенциите.
Еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос изјави денеска дека „ако преселување не профункционира, целиот систем ќе се урне”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.