| четврток, 6 декември 2018 |

Нова детска градинка ќе биде изградена во општина Аеродром

ng aerodromВо општина Аеродром денеска е поставен камен темелник за изградба на нова детска градинка за која се обезбедени 30 милиони денари од буџетот на Општината.

Ова е втора градинка што годинава се гради во општина Аеродром, а трета во последните три години. Една веќе е почната со работа во Реонскиот центар, а во тек е градбата на втората во населбата Горно Лисиче. Градинката, за која камен темелникот беше ставен денеска, заедно со онаа во Горно Лисиче се очекува да биде готова до септември или октомври годинава.

misajlovski lopata  На поставувањето на камен темелникот присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Општината планира на почетокот на 2017 година да почне со изградба на уште една градинка која ќе се наоѓа во населбата Ново Лисиче.

dime spasov lopataИнтенцијата на општината, како што изјави градоначалникот на општината Ивица Коневски, е да се зголеми капацитетот на градинките и да се опфатат сите дечиња бидејќи во општината се доселуваат многу млади семејства.

Од 2009 година досега изградени и адаптирани 45 градинки, а од 2013 до 2015 година отворени се 36 градинки на ниво на цела држава. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека речиси во сите општини низ државата се градат или реновираат градинки и најавуваат дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top