| четврток, 6 декември 2018 |

ССМ: Фактот што во 2006 имаше невработеност од 36% зборува дека работите одат во добар правец

zivko mitrevski
Последните податоци на Државниот завод за статистика се потврда за позитивниот тренд на намалување на невработеноста. Стапката на невработеност на крајот од минатата година достигнала 24,6 проценти, историски најниска досега. Од активното население кое брои 949 илјади 525 лица, 715 илјади 758 имаат работа, 233 илјади 767 се водат како невработени. Стапката на активност достигнала 56,6 проценти. Само во последното тримесечје од 2015 година, невработеноста е намалена за 0,9%.

Првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски вели дека по опсежните анализи кои ги имаше и по предлогот на сите мерки во делот на поттикнување на вработеноста и елиминирање на невработеноста, нормално е дека ги поздравува сите активности кои беа поврзани со справување со оваа исклучителна проблематика која ја имаше години наназад во Македонија и вели дека нивното задоволство е огромно што во секој случај дојде до намалување на стапката на невработеност.

-Самиот факт што за разлика од 2006 година каде што имаше 36 отсто невработеност, а во моментов во првиот квартал 24,6 посто, зборува дека работите во овој правец навистина одат добро. Самиот факт што се отвораат голем дел на нови индустриски капацитети и навистина се реализираат голем дел на нови вработувања, а посебно одредени мерки кои одеа во прилог на вработување на ранливи категории, на повозрасни работници и работници кои беа од стечајните постапки, можам да кажам дека навистина е добар начинот со кој се дојде до справување на оваа исклучителна проблематика со која се соочувавме сите, вели Митревски.

Тој додава дека се дава можност со овие нови вработувања да се подигнува и материјално-економската и социјална состојба, но она што е многу важно се зголемува и потрошувачката, а тоа значи уште еден импулс за задвижување на македонската економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top