Намалувањето на невработеноста под 25 проценти во нашата држава всушност е еден позитивен исчекор напред и очекуван исчекор со оглед на трендот на намалување на невработеноста кој што трае веќе подолго време, односно неколку години, смета универзитетскиот професор Лазар Јовевски.
-Објективно очекување е дека тој истиот ќе продолжи и понатаму со намалување до 18 или помалку од 18 проценти во наредните две до три години. Станува збор за намалување на невработеноста која што е објективна и која што е ефект на сплет на неколку мерки кои се превземаат со цел намалување на истата- вели Јовевски.
Од една страна, според Јовевски, се мерките кои што ги предвидува државата, а од друга страна е зголемениот обем на инвестиции.
-Паралелно со намалувањето на невработеноста и зголемувањето на вработувањето на активното население кое што бара работа би требало да се придвижат работите кон зголемување на платите на вработените и кон јакнење на системот на заштита и безбедност при работа, а се со цел зголемувањето на платите да предизвика повторно позитивен ефект на економските текоови за да невработеноста продолжи да се намалува, а економијата да расте- истакна професорот Јовевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.