СВР Скопје нема регистрирано никаква пријава за силување во последните 48 часа и нема информации дека дваесетгодишната Стефани Брзанова, која вчера си го одзеде животот во скопски Аеродром, била силувана од возач на такси, како што тврди нејзината мајка.
– Нема никаква пријава за силување во СВР Скопје. Проверени се сите станици во градот. Не знаеме од каде се тврдењата на мајката на починатото девојче – велат од МВР.
Александра, мајката на Стефани, тврди дека ноќта пред самоубиството нејзината ќерка била силувана од таксист, дека е пријавено в полиција и дека има осомничени.
– Таа доби работа на брод и требаше да замине во Америка на 9 април. Вчера се случи нешто трагично за неа, кое ете не можеше да успее да го надмине и да продолжи да живее. Ноќеска ја силувал таксист, кој требало да ја донесе дома. Слушнав како вреска ноќеска, се стрчав и ја најдов распарталена и избезумена. Ми кажа дека таксистот ја силувал. Веднаш пријавивме в полиција и истрагата е во тек. Знаев дека за моето дете тоа е ужас, но не помислив дека ќе се реши да си го одземе животот. Утрово, ете, без да забележам се реши на најстрашното – вели за „Либертас“ мајката на Стефани.
Телото на Стефани е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Пешак се обиде да се самоубие (видео)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил