Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ денеска пред зградата на Специјалниот суд во Белград запали знамиња на ЕУ и НАТО, јави Танјуг.
Шешиљ денеска требаше да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, каде на 31 март треба да му биде изречена првостепена пресуда, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини.
Шешељ пред Судот изјави дека сослушувањето е откажано, бидејќи Советот на Меѓународниот суд во Хаг не испратил одговор на барањето на Србија за одредени процедурални прашања.
– Едвај чекам рочиштето повторно да биде закажано за да им објаснам од кои правни причини не може да бидам предаден на Хашкиот трибунал, напомена лидерот на српските радикали.
Шешељ истакна дека Србија повеќе не е назависна по потпишувањето на договорот со НАТО и во знак на протест поради тоа ги запали знамињата на ЕУ и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шешељ нема да оди во затвор: Судот во Хаг го осуди на 10 години затвор, кои веќе ги одлежа
-
„Тепачка“ за знамињата на Србија и Косово во македонското Собрание
-
Дијамантска веридба – кога Шешељ нуди брак, тоа изгледа вака! (видео)
-
Војслав Шешељ го победи ракот: Лекарите зачудени како успеал да ги победи метастазите